Времето денеска облачно со услови за слаб дожд

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, во текот на денот локално ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со услови за слаб локален дожд и со умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната температура до 22 степени.