ОБСЕ изрази загриженост за новиот закон за филмови во Украина

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ предупреди дека неодамнешните законски измени во Украина можат да ја ограничат слободата на медиумите и слободниот проток на информации. На 20 април украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој забрануваат руските филмови направени по 1 април 2014 година. Исто така забранети се руските филмови направени после 1991 година, доколку ги глорифицираат државните органи на Русија. Мијатовиќ истакна дека досегашниот напредок на Украина во областа на слободата на медиумите треба да биде се зголеми, а не да биде нарушен.