Белорусија го криминализираше учеството во странски војни

Властите во Белорусија денеска ја објавија новата легислатива која го криминализира учеството во било кои воени активности во странство. Измените и дополнувањата на Кривичниот законот ќе стапат на сила 10 дена по денешното објавување. Законот во март беше усвоен од пратениците и потпишан од претседателот Александар Лукашенко. Според амандманите, учеството бо било која војна во странство ќе биде казнето до 5 години затвор, додека тие кој финасиски поддржуваат борци во странство ќе бидат казнети до 6 години затвор.