Најмалку шестмина загинати во самоубиствен напад во Багдад

Медиумите во Ирак известуваат дека бомбаш самоубиец убил најмалку шест луѓе, откако го деонирал експлозивниот елек по петочната молитва во шиитска џамија во Багдад. Властите велат дека во денешниот напад во главниот ирачки град повредени се најмалку 25 луѓе. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но милитантите на групата на Исламската држава кои се борат против владините сили често ги напаѓаат шиитските области на северот и на западот на Ирак.