Загинаа тојца војници во експлозија во Турција

Илустрација.

Турската државна новинска агенција соопштува дека експлозија погодила воено возило, во главно курдскиот југоисток на земјата, при што се убиени тројца војници. Агенцијата Анадолија наведува дека денешната експлозија била предизвикана од рачно изработена бомба, а била поставена на патот кој ги поврзува градовите Тунчели и Елазик. Насилствата во југоисточниот дел на земјата се зголемија кога кревкиот мировен процес меѓу државата и забранетата Курдска работничка партија (ПКК) беше урнат во јули 2015 година. Во обновениот конфликт стотици луѓе ги загубија животите, вклучително 350 припадници на безбедносните сили.