Обама ја повика Британија да остане во ЕУ

архивска снимка

Британија поефикасно ќе се бори против тероризмот доколку остане во ЕУ. Ова го оцени американскиот претседател Барак Обама во авторскиот текст објавен во „Дејли телеграф“, наведувајќи дека останувањето на Британија во Унијата го зголемува влијанието на таа земја во светот. Обама синоќа допатува во тридневна посета на Британија, а по денешниот ручек со британската кралица Елизабета Втора ќе разговара со премиерот Дејвид Камерон.