Србија на предвремени избори со извесен резултат

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во Србија в недела ќе се одржат предвремени избори на кои се очекува да победи владејачката конзервативна Српска напредна партија на премиерот Александар Вучиќ. Изборите може да означат и враќање на ултранационалистите во парламентот, предводени од Воислав Шешељ.