Почна протест пред СЈО, контрапротест пред Собрание

Со свирежи и ливчиња на кои пишува шарена револуција пред просториите на СЈО почна протестот во организација на движењето „Протестирам.“ Демонстрантите бараат повлекување на одлуките за аболиција и оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател, произнесување на уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделиние на Кривичниот суд кое ќе биде надлежно за случаите на СЈО и повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Во центарот на Скопје има засилено полициско обезбедување во близина на училиштето Јосип Број Тито. Во исто време пред Собранието на Македонија се собираат граѓани на контрапротести во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија кои бараат повлекување на аболицијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев и на Зоран Верушевски и одржување на избори на 5 јуни.