ЕУ лани им даде азил на 330 илјади мигранти

Агенцијата за статистика на ЕУ соопшти дека земјите членки на Унијата во минатата година им дале азил на над 330 илјади мигранти. Според Еуростат, тоа е за 72 насто повеќе од претходната 2014 година. Половина од нив односно над 166 илјади биле од Сирија, 27 илјади од Еритреја и 23 илјади од Ирак. Најмногу барања за азил одобрила Германија, а на второ место е Шведска, по што следуваат Италија, Франција, Британија, Австрија и Холандија. Најмалку мигранти и тоа помалку од 100 прифатиле Хрватска, Естонија, Летонија, Литванија, Словенија и Словачка.