Почнуваат мировните преговори за Јемен

Мировните преговори кои имаат за цел да го решат конфликтот меѓу јеменската влада поддржана од Саудиска Арабија и Хути бунтовниците кои ја имаат поддршката од Иран. Обединетите нации под чие посредство ќе се одвиваат преговорите соопштија дека и двете страни ќе учествуваат на нив. Преговорите доаѓаат откако на 10 април стапи во сила прекин на огнот во Јемен кој делумно се почитува. Во конфликтот досега загинаа над 6 илјади и 400 луѓе, додека околу 2 милиона и 800 илјади биле присилени да ги напуштат домовите.