Српскиот премиер Вучиќ ги повика граѓаните да гласаат

Премиерот на Србија Александар Вучиќ

Премиерот на Србија Александар Вучиќ ги повика граѓаните да гласаат на изборите в недела на 24 април, бидејќи тие се однесувале на иднината и на „патот по кој тргне земјата“. Тој во денешниот авторски текст објавен во „Вечерње новости“ оценува дека „некои тајкуни и политичари во земјата, но и во странство сакаат слаба влада на Србија“ и оти „постојат луѓе кои сакаат да ја вратат Србија во минатото со санкции и изолација“.