САД: Иран да плати 2 милијарди долари на жртви од тероризам

Врховниот Суд на САД пресуди дека Иран мора да им плати скоро две милијарди долари, од замрзнати средства, на жртвите и семејствата на загинатите во терористичките напади спонзорирани од Техеран. Судот денеска пресуди со 6 спрема 2 во корис на роднините на 241 маринци кои загинаа во терористичкиот напад во 1983 во Бејрут и жртви на други напади, кои американските судови ги поврзаа со Исламската Република. Судијата Рут Бадер, ги одби тврдењата од страна на иранската централна банка дека Конгресот бил интегриран во работата на федералните судови, кога беше донесен законот во 2012 година, кој спцифично насочи дека од средствата во банките во САД, ќе бидат исплатени семејставата. Повеќе од 1.300 луѓе се меѓу роднините на жртвите на нападите, кои беа извршени од групи поврзани со Иран. Конгресот повеќепати го менуваше законот во изминатите 20 години за да им олосни на жртвите да тужат протв државно спонзорираниот тероризам. Иран одби да ги почитува одлуките.