„Хјуман рајтс воч“: Турција да ја отвори границата за Сиријците

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ ја повика Турција да ги прими на своја територија Сиријците кои бегаат од нападите на сириската армија. Организацијата наведе дека сириската армија нападнала два бегалски кампа на 11 и 15 април што предизвикало преселба на три илјади луѓе. Минатата недела (ХРВ) соопшти дека турските граничари стрелале врз Сиријците кои бегале од нападите на Исламската држава. Турција ги демантира наводите на ХРВ, нагласувајќи дека спроведува политика на отворени врати кон мигрантите, но дека се ретки случаите на новопристигнати бегалци.