Продолжуваат разговорите на Советот НАТО - Русија

Амбасадорите на НАТО денеска ги продолжија разговорите во Брисел со нивниот колега од Русија, по речиси две годишна пауза која следеше по руската анексија на Крим. Пред почетокот на разговорите, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека главната цел на состанокот на Советот НАТО – Русија „е да разменат мислења, да се биде транспарентен, да се придонесе за предвидливост и да се дискутира за Украина.“ Два инциденти од минатата недела во кој воени авиони на Русија поминаа многу блиску до американски воен брод, а Вашингтон тоа го нарече „непредвидливи и агресивни монаеври.“ Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков предупреди дека „недовербата“ меѓу НАТО и Русија ќе биде предизвик да се надмине.