Клинтон и Трамп победија во Њујорк

Фаворите на демократите и републиканците во трката за номинација на нивните партии за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп победија синоќа во веројатно клучните партиски избори во Њујорк. Со оваа победа Клинтон практично ја обезбедила номинацијата за претседателски кандидат. Кај републиканците, Трамп е најблиску до номинацијата со моментално 800 од неопходните 1237 делегати на партиската конвенција на која ќе се решава кој ќе влезе во трката за иден американски претседател.