Холандскиот парламент за договорот ЕУ, Украина

Холандскиот парламент ја отфрли иницијативата за откажување од договорот со кој се воспоставуваат поблиски врски меѓу ЕУ и Украина. Оваа инцијатива беше изгласана на претходно одржаниот референдум во Холандија. Договорот веќе е ратификуван од 27 земји членки на ЕУ.