Обама на пат до Саудиска Арабија и Европа

Американскиот претседател Барак Обама отпатува од Вашингтон за Саудиска Арабија, прва етапа на неговата шест дневна турнеја во текот на која ќе ги посети и Британија и Германија. Денеска Обама ќе има средба со саудискиот крал Салман, а меѓу темите се борбата против тероризмот, судирите во Сирија и Јемен како и спорното прашање околу можната улога на Саудиска Арабија во нападите од 11 септември 2001 година. Обама од утре до 24 април ќе престојува во Британија, по што во Германија ќе се сретне со канцеларот Ангела Меркел.