Македонија на 118 место по слободата на медиумите во светот

Во денеска објавениот Индекс на слободата на медиумите во светот на Репортери без граници, Македонија е рангирана на 118 место, едно подолу од минатата година. Во образложението се наведува дека иако клеветата беше отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, обвиненијата се заменети со граѓански акции, со можност за тешки парични и затворски казни за новинарите и сопствениците на медиумите. Од крајот на 2014 година се поднесени најмалку 580 тужби за клевета, а неколку десетици од нив против новинари. Како резултат на тоа, според анкетата на Македонскиот синдикат на новинари и медиумски работници, повеќе од половина новинари во Македонија велат дека тие сами се цензурираат. Во горниот дел на извештајот во кој се рангираат 180 земји се: Финска, Холандија, Норвешка, Данска и Нов Зеланд додека на дното се: Кина, Сирија, Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја. Полска падна за 29 места, поради новиот закон усвоен во јануари кој и дава можност на новата конзервативна влада за построга контрола врз државните медиуми.