Воздушна операција на турската армија против ПКК во северен Ирак

Турски борбени авиони стрелаа кон цели на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак, соопштија турските медиуми. Во воздушните напади биле вклучени 22 авиони Ф - 16 и Ф - 4. Нападнат е регионот Гара во северен Ирак. Уништени се магацини за муниција и засолништа на групата. Операцијата била преземена како одговор на добиените разузнавачки информации, соопштија безбедносни извори, цитирани од агенцијата Анадолија.