Можно ослободување на украинската пилотка Савченко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Киев и Москва се договориле на можна рамка за ослободување на украинската воена пилотка Надја Савченко, којашто Русија ја стави во затвор под обвиненија за убиство.

Порошенко денеска соопшти дека „се чини“ оти тој и неговиот колега Владимир Путин во телефонски разговор се договориле за начинот кој ќе овозможи Савченко да биде ослободена. Коментарите доаѓаат два дена откако украинскот суд осуди двајца руски државјани на 14 години затвор, секој од нив за обвиненија учество во борби со сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина.

Кратко по пресудата на Александар Александров и на Евгениј Ерофјев, Кремљ соопшти дека Порошенко и Путин дискутирале преку телефон за „судбината“ на двајцата Руси и на Савченко.