Новинар на Крим обвинет за сепаратизам

Обвинителот на Полуостровот Крим изјави дека безбедносните служби поднесуваат тужба против кримски новинар, за поткопување на рускиот територијален интегритет.

Наталија Поклонскаја денеска соопшти дека Федералната служба за безбедност на Русија поднесува тужба против непознат новинар, кој како што рече, работи за Радио Слободна Европа, поради извештаи каде тој или таа „повикува на изолација на Полуостровот.“

Откако Москва го анектираше Крим од Украина во март 2014 година, рускиот Парламент усвои закон според кој, ставањето под прашање на територијалниот интегритет на Русија, е кривично дело, што исто така значи и спротивставување на окупацијата.

Казната за кршењето на законот е до пет години затворска казна. РСЕ започна емитување на Крим на три јазици, (Украински, Кримско-татарски и Руски) кратко по анексијата на Крим. Локалните медиуми информираат дека денска полицијата ги проверувала куќите на неколку новинари на Крим.