Јункер: Не сум доволно запознаен со ситуацијата во Македонија

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска во Стразбур изјави дека не е доволно запознаен со ситуацијата во Република Македонија за да ја коментира. „Не сум доволно запознаен за проблемите во ПЈРМ за да коментирам“, рече Јункер на новинарско прашање во однос на политичката криза во Македонија, во која Европската комисија преку комесарот Јоханес Хан се ангажира отворено во нејзиното разрешување.