Претседателката на Бразил не се повлекува од функцијата

Претседателката на Бразил Дилма Русеф изјави дека нема да се повлече и покрај тоа што Долниот дом на парламентот гласаше за нејзин импичмент. Говорејќи по големиот пораз во Долниот дом, таа изјави дека ќе ја продолжи борбата против оние што се обидуваат да ја сменат. Предлогот за импичмент сега треба да се најде во Сенатот и ако биде прифатен таа ќе биде суспендирана додека трае судењето против неа. Русеф е обвинета дека користеле пари на државната банка за да ги пополни дупките во државниот буџет. Таа тврди дека и претходните претседатели го правеле истото.