Трето „украсување“ на Трумфалната, боја и за воинот

Со неколку јајца, малку боја и графити демонстрантите ја „украсија“ Порта Македонија. Триумфалната порта во Скопје, која е дел од контроверзниот проект Скопје 2014, трет пат е цел на луѓето кои протестираат против политичките помилувања. По првиот пат властите веднаш ја исчистија, но по саботното гаѓање остана украсена со боја и со јајца. Пред Собранието дел од демонстрантите одржаа говор и порачаа – Нема да ви помине. Од пред Собрани се упатија кон зградата на Министерството за култура, за да го изразат својот револт од проектот Скопје 2014. На плоштадот Македонија, со боја и јајца гаѓаа и кон споменикот Воин на коњ, а во фонтаната истурија прашок за перење, по што се создаде пена.