Средба на Кери и Зариф во Њујорк

Американскиот државен секретар Џон Кери на 19 април во Њујорк ќе се сретне со иранскиот министер за надворешни работи Монамед Џавад Зариф. Ројтерс и АФП известуваат дека средбата ќе се случи пред Кери да замине во Саудиска Арабија, каде треба да му се приклучи на претседателот Барак Обама на самитот на лидерите од Заливски земји. Официјалните лица не одобруваат јавно да се дискутира за плановите на Кери и зборуваа анониомно. Средбата следува по жалбите од страна на иранските лидери дека Вашингтон не го исполнува договореното од нуклеарниот договор, според кој Иран ги запре своите нуклеарни активности во замена за ослободување од санкциите. Вашингтон тврди дека ги исполнува своите обврски, но дека ги разгледува можностите за олеснување на финансиските регулативи за легалната трговија со Иран.