Офанзива на опозициските борци во Сирија

Групи на сириски активисти и бунтовници велат дека опозициските борци започнале нова офанзива против владините сили во северозападот на земјата. Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, соопшти дека бунтовниците започнале напад во провинцијата Латакија, додека дуги борци нападнале владини позиции во соседната провинција Хама. Неколку бунтовнички групи претходно објавија дека започнуваат „нова борба“ против владините сили, како одговор на прекршувањето на договорот за прекин на огнот. Групите, во кои се вклучени фракции кои се борад под знамето на „Слободната сириска армија и исламистичката „Ахрар ал-Шам“, денеска соопштија дека ќе одгооворат со сила против било која армија која отвора оган против цивили.