ЕУ: Хан бара политички лидери да му се вратат на договорот од Пржино

Портпаролката на еврокомесарот за преговори и за проширување Јоханес Хан, Маја Коцијанчиќ потврди дека официјален Брисел е загрижен за влошувањето на состојбата во Македонија и дека Хан е во постојан контакт со македонските политички лидери со цел „тие да му се вратат на договорот од Пржино и реформските приоритети“.

„Комесарот Хан е подготвен да се види лидерите во кус рок. Тие мора да покажат подготвеност да ја донесат нивната земја назад на евроатланскиот пат.“