Стотици загинати мигранти во Средоземното море

Неколку стотици луѓе загинале во нова мигрантска трагедија во Средоземното Море, соопшти денеска италијанскиот претседател Серџо Матарела, пренесува Ројтерс. Според непотврдени медиумски извештаи, се зборува дека загинале околу 400 луѓе во бродови кои се превртеле во близина на египетскиот брег. Матарела зборувајќи на церемонија во Рим рече дека „во лицето на Европа ќе се одрази уште една трагедија, во која се чини дека загинале стотици луѓе“, рече тој не изнесувајќи повеќе детали.