Цената на нафтата падна за над 6 насто

Цената на нафтата денеска падна за над 6 проценти откако претставниците на земјите произведувачи на нафта не успеаа да се договорат за замрзнување на производството. Учесниците на состанокот на ОПЕК во Доха оценија дека ќе им треба уште време за да донесат таква одлука, бидејќи Иран го бојкотираше собирот, очигледно не поддржувајќи ја таквата мерка.