Турција ќе гради три нови кампови за сириски бегалци

Турските власти ќе градат три нови бегалски кампови за Сиријци во југоисточните окрузи Хатај и Караманмараш, јави Анадолија. Капацитетот на камповите ќе биде за околу 40 илјади бегалци. Новите центри за сместување бегалци ќе бидат најголеми во светот. Според Ергун Туран, шеф на Службата за бегалски кампови, во новоизградените центри ќе има медицински објекти, училишта, центри за рехабилитација и џамии. Турција прифати најголем број бегалци од Сирија, над 2,5 милиони луѓе, наведува Анадолија.