Протести за реформи во Багдад

Архивска фотографија

Неколку стотици шиитски демонстранти излегоа на улиците на Багдад на протест со барање за реформи. На плоштадот Тахрир во центарот на Багдад, тие скандираа „Да, да за Иран, не, не за корупцијата“. Влијателниот шиитски свештеник Моктада ал-Садр минатиот месец организираше двонеделни седечки протести пред силно обезбедуваната Зелена зона во Багдад, каде што се наоѓа владата.

Ирак е погоден од неколкунеделни политички превирања поради напорите на премиерот Хајдар ал-Абади за министри да назначи техникрати, а не партиски личности. Абади вели дека превирањата може да ја загрозат борбата против Исламската држава, која контролира големи области на западот и на северот на земјата.