Талески побара од Иванов повлекување на аболицијата за него

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска упати писмо до претседателот Ѓорге Иванов со кое бара повлекување на одлуката за негова аболиција. Во соопштението до јавноста, Талески нагласува дека СЈО против него води хајка и истражна постапка со политичка заднина.

„Не сакам да има сомнеж или шпекулирање за моето законито работење и затоа од вас барам аболицијата за мене да ја повлечете. Подготвен сум да ја докажам вистината за моето чесно работење, убеден дека надлежните државни институции ќе се интересираат за факти и докази, а не за тенденциозни и неаргументирани обвинувања“, нагласува Талески во своето денешно обраќање до шефот на државата и македонската јавност.