Нова вакцина против полио

Здравствени тимови во 155 земји и територии денеска започнаа да применуваат друг вид на вакцина против полио. Промената, кој треба да заврши до 1 мај, е значајна пресвртница во напорите да се постигне свет ослободен од детска парализа, соопшти Светската здравствена организација. Оваа година имало најмалку десет регистрирани случаи од оваа болест, сите од нив во Авганистан и Пакистан.

Новата вакцина треба да штити од двата преостанати видови на вирусот - тип 1 и 3. Вакцината се уште ќе се прима преку капки во уста, така што здравствените работници нема да имаат потреба од нови обуки.