ОН - Помалку цивилни жртви, но повеќе повредени во Авганистан

Во првите три месеци од годинава во Авганистан имало 600 цивилни жртви објави ОН, што е за 13 отсто помалку во споредба со истиот период лани. Најновите податоци објавени од страна на Мисијата на ОН за помош во Авганистан, покажуваат дека има помалку смртни случаи,но дека порасна бројот на повредените цивили и тоа за 11 отсто во споредба со 2015. Во извештајот се вели дека интензивирањето на борбите во населените места предизвикало да се зголеми бројот на децата жртви за 29 отсто, а за 5 отсто се зголемил бројот на жените жртви.Се проценува дека 60 проценти од жртвите загинале во напади од страна на антивладините сили, но има скок и на бројот на жртви од страна на безбедносните сили, при користење на експлозивно оружје. ОН го објави извештајот неколку дена откако Талибанците најавија почетокот на својата годишна пролетна офанзива.