Производители на нафта на состанок во Катар

Земјите производители на нафта денеска во Катар ќе разговараат за можноста да се замрзне производството со цел да се зајакне цената на нафтата на глобално ниво. На состанокот во Доха се собраа претставници на околу 15 земји, претежно членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), но и некои кои се надвор од ОПЕК, како што е Русија. Иран не испрати свој претставник, затоа што Саудиска Арабија, која е најголем извозник на нафта во светот, одби да го замрзне производството на нафта, ако Иран не го направи истото. Иран претходно се согласи со предлогот за замрзнување на производството на нафта на нивото од јануари, а нејзиното производство се уште е под нивото кое го имаше земјата пред меѓународните санкции.

Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека премногу се очекува од разговорите во Доха. Според нив состанокот ќе заврши само со ограничено влијание врз производството на нафта.