Временска прогноза - сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност особено на југот и со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи од 25 до 31 степени. УВ индексот ќе има висока вредност, седум.

Во Скопје - сончево и многу топло со мала облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно, суво топло за овој дел од годината.