Триумфалната порта повторно гаѓана со боја

Со извици „Еве ви го триумфот“, демонстрантите вечерва повторно фрлаа боја и јајца кон Триумфалната порта во центарот на Скопје. Тие испишаа графит „Смрт на фашизмот, слобода за народот“. Денеска работниците ја чистеа портата, откако демонстрантите синоќа исто така ја гаѓаа со боја и на неа испишаа графит „Грабеж“, алудирајќи на контроверзниот проект Скопје 2014.

Неколку илјади луѓе се излезени на улиците на Скопје во знак на протест против политичките помилувања од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Тие бараат оставка од Иванов, одложување на изборите закажани за 5 јуни и формирање експерта влада која треба да го подготви теренот за фер избори.

Ова е петти ден протести во Скопје. За денеска се најавени протести и во Струмица и во Битола.