Вечерва протести во Скопје, Битола и во Струмица

Нови протести против политичките помилувања се закажани и за денеска во 18 часот во Скопје. Демонстрантите бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов, одложување на изборите закажани за 5 јуни и формирање експертска влада која треба да создаде услови за фер избори.

Протести се закажани и за во Битола и во Струмица. Во Битола се бара и оставка на градоначалникот Владимир Талески, против кого Специјалното обвинителство отвори истрага, а претседателот Ѓорге Иванов го помилува.