Министрите од СДСМ веќе нема да одат на работа

Владата на итна седница ги укина двата правилници кои министерот Оливер Спасовски ги донесе на 11 април. Владата смета дека овие правилници се поврзани со избори, за што бил неопходен потписот на заменик-министер Митко Чавков. Со оваа одлука се забранува Спасовски да носи какви било решенија без потпис на Чавков. За Спасовски оваа одлука е незаконска. Претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за ТВ 24 вести рече дека министрите на СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски веќе нема да одат на работа кога одлуката на Владата ќе биде официјална. Владата денеска соопшти дека ги поништила одлуките кои се протизаконски.