Приврзаниците на ГДОМ се собираат зад Рамстор

Зад трговски центар Рамстор во Скопје почнаа да се собираат граѓани на повик на Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ. Како што јавува нашиот репортер во моментов има неколку стотини луѓе а бројката се зголемува. Велат дека дошле на протест против обидите на претседателот на СДСМ Зоран Заев да ја растурел државата. Како што јавуваат некои медиуми најверојатно е дека подоцна ќе се упателе пред Собранието на Република Македонија каде ќе ја одбележеле и поздравеле одлуката за негово распуштање и избори на 5 јуни.