Германија дозволи гонење на комичарот за навреда на турскиот претседател

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија го приофатила барањето на Анкара за кривично гонење на германскиот комичар, кој читаше на телевизија сурова поема за турскиот претседател. Туриција побара комичарто Јан Бомерман да биде обвинет за навреда на странски шеф на држава. Според германските закони, Владата на Меркел мора да даде дозвола. „Владата ќе ги даде своите овластувања“, изјави Меркел додавајќи дека судовите треба да одлучат за неговиот за неговиот случај.