Силен земјотрес во Јапонија, деветмина загинати

Јапонските власти соопштија дека најмалку девет лица загинале во силниот земјотрес што вчера го погоди југот на земјата. Земјотресот бил со сила од 6 степени и предизвикал уривање на куќи. Не било издадена тревога за цунами. Има извештаи дека неколку стотици луѓе биле третирани од повреди по болниците. Над 40 илјади луѓе биле евакуирани, а во регионот биле забележани уште 100 помали потреси на земјата.