Протестот се пресели пред Влада

Пред Влада се пресели протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на припадници на власта и опозицијата. Местото го обезбедуваат многу полицајци, има распоредено водени топови и оклопни возила. Протестот кој започна пред Собрание, продолжи во близина на седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, односно пред полициската станица Беко. Таму група демонстранти се судри со полицијата, а потоа демонстрантите беа поттиснати и се упатија кон Влада.