Камења за полицијата пред Беко

Со камења, пиротехника и тврди предмети дел од демонстрантите фрлаат кон полицијата распоредена пред полициската станица Беко во центарот на Скопје. Дел од демонстрантите кои претходно протестираа пред Собрание против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари од власта и опозицијата се упатија кон Беко. Пред станицата Беко има распоредено и водени топови, еден од нив е изваден на улица, но засега не е употребен. Дел од демонстрантите кои на лицето носат маски се конфронтираат со полицијата, додека друга група ги смирува, на што тие со фантомките одговараат – до кога ќе им ќутиме?. Полицијата почна да ја разбива толпата.