Започна протестот пред Собранието, демонстрантите бараат оставка на Иванов

Неколку стотини граѓани во моментов се собраа на протест пред Собранието на Република Македонија против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува на 56 политичари и функционери. Тие скандираат „Оставка, оставка“, „Нема правда нема мир.“ Тие носат транспаренти на кои е напишано „сакаме обвиненија за криминалци и сакаме исчистен избирачки список.“

Тие бараат итно ослободување и отфрлање на какви било обвиниенија против 13-те приведени од вчерашните протести, оставка на Претседателот Иванов, поради како што велат, срамниот обид да ја попречи правдата, отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за демократски избори. Тие велат дека се згрозени од полициската бруталност и од приведувањето на демонстранти. Тие тврдат дека протестираат низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста.