Убиени шест полицајци во Пакистан

Архивска фотографија.

Пакистанската полиција соопшти дека шест полицијаци се убиени и дека 24 лица се земени како заложници во средината на деветдневната операција против криминална банда во источната провинција Пинџаб. Полицијата денеска информираше дека некои од заложниците се припадници на безбедносните сили. Операцијата денеска продолжи, беа барани и заложниците на островот кој се користи како база на бандата Чоту. Полицијата вели дека четри припадници на групата се убиени, чии лидер организирал криминални активност во пограничните области на провинцијата Пинџаб.