СДСМ: Груевски е нарачател на одлуката на Иванов

СДСМ соопшти дека партијата смета дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Никола Груевски, како што наведуваат, покрај тоа што биле создавачи на кризата, се и нарачатели на одлуката на Ѓорге Иванов со која што се погазиле Уставот и Законите во Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ не ја потпиша иницијативата за одговорност и разрешување на Иванов со што потврди дека станува збор за договорена и смислена акција по нарачка на Никола Груевски“, се вели во реакцијата.

За тоа, сметаат од партијата, говори и брзината на постапувањето, објавувањето на одлуките во Службен весник, брзото ослободување на лица од притвор.