Спасовски апелира протестите да бидат мирни и ненасилни

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати јавен повик до граѓаните на Македонија за мирни и ненасилни протести. Тој апелира до граѓаните да ја третираат полицијата како партнер и чувар на нивната безбедност.

„Секој има прво мирно и демократски да го изрази своето видување, револт и незадоволство, меѓутоа тоа мора да биде ненасилно и мирно како што доликува на демократски свет. Во таа насока апелирам да нема насилства на протестите и да нема состојби на уништување на имот, како и напади врз полицијата“, изјави Спасовски.

„Нормално е полицијата да постапува по стандардни процедури и да нема прекумерна употреба на сила. Во тој правец и сега разговаравме колку е можно повеќе сите вклучени да бидат заштитени“, рече Спасовски.