Иванов на интервју со уредници на повеќе телевизии

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов попладнево во 15 часот ќе има заедничко интервју со главните и одговорни уредници на повеќе телевизии, кои ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со неговата одлука за општ прекин на сите постапки против политичари и нивните соработници за случаи поврзани со нелегалното прислушување.

Поканети се претставници на Македонска Телевизија, ТВ Алфа, ТВ Алсат - М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21, ТВ Шења, Телевизија Нова и ТВ 24 Вести, соопшти кабинетот на Иванов.

Интервјуто ќе се одржи во кабинетот на претседателот на Република Македонија, а ќе биде емитувано во живо на првиот канал на Македонската Телевизија и на интернет страницата www.mrt.com.mk.