Обама: ИД е во дефанзива

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека коалицијата предводена од САД ги натерале милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак во ситуација да се бранат, намалувајќи им ја територијата што ја имаат под контрола и убивајќи високи лидери на таа терористичка организација. „ИД е во дефанзива, а ние во офанзива“, рече Обама по состанокот со неговите советници за национална безбедност во седиштето на ЦИА. Досега имало над 11 ипол илјади воздушни напади врз цели на ИД во Сирија и Ирак. „Во наредните денови и недели имаме намера да ги интензивираме. Лидерите на ИД се будат и сфаќаат дека тоа би можело да биде последен нивен ден“, рече Обама.